14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Во ресторан во објект на ХДЗ прослава со песна која го слави усташкиот колеж на Србите

На социјалните мрежи се прошири видео од угостителски објект во зграда во сопственост на општината Башка Вода во Хрватска чиј градоначалник веќе 30 години е Јошко Рошиќ од ХДЗ, а на кое се гледа славје со песна за усташкиот масакр на Србите, пишува хрватскиот Индекс.

На видеото јасно се слушаат и се гледаат гостите како се забавуваат со песната која го слави усташкиот масакр врз Србите во Втората светска војна. Песната предизвика воодушевување кај присутните. Има и такви на кои им е непријатно бидејќи настанот се снима. Младиот човек кој фрла послужавник на подот на почетокот на видеото е син на советник од ХДЗ.