3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДСНС Украина/Харков
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Руска ракета погоди станбена зграда во Днепар, најмалку пет загинати и 27 повредени

Најмалку пет лица загинаа, а 27 се повредени, меѓу кои шест деца, откако руска ракета погоди станбена зграда во Днепар, изјави регионалниот гувернер Валентин Резниченко. Службеникот објави фотографија од урнатата зграда на социјалната мрежа Телеграм.

Досега се спасени 15 лица кои беа затрупани под дел од станбениот блок кој беше претворен во урнатини во облак од чад.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот профил на Твитер напиша дека „продолжува расчистувањето на урнатините во Днепар, дека сите служби работат“ и дека потрагата по лицата заробени под бетонските блокови е во тек.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ги повика Групата седум најразвиени економии (Г7) и Европската унија да ја санкционираат руската индустрија за ракети и дронови и „без одлагање“ да ги спроведат санкциите предложени од неговата земја.

„ Секој ракетен бараж дополнително ги исцрпува резервите на Русија. Сепак, тие сè уште се способни да произведуваат нови. Можеме и мораме да ја убиеме нивната индустрија за ракети и дронови со огромни санкции. Ги повикувам Г7 и ЕУ да ги спроведат соодветните санкции предложени од Украина без одлагање“, напиша тој.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко објави дека во градот имало експлозии и дека во тек се операции за противвоздушна одбрана, пренесе Би-Би-Си.

Министерот за енергетика Херман Халушченко предупреди на „тешки денови“ бидејќи руските ракетни напади оштетија енергетски објекти во шест украински региони Харков, Лавов, Ивано-Франковск, Запорожје, Виница и Киев.

Како резултат на претходните ракетни напади утринава, 11 региони на Украина во моментов спроведуваат вонредни целодневни прекини за да ја зачуваат енергијата.

Спонзорирано: