18.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Судот повлече дел од обвиненијата против Пуџдемон: Се уште се товари за непослушност и проневера

Судијата на шпанскиот Врховен суд, Пабло Љарена, кој го води процесот против поранешните каталонски лидери, повлече дел од обвинението против поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, пренесува „El Pais“.

Се вели дека тој го отфрлил обвинението за бунт против Пуџдемон, но сепак го обвинува за проневера и непослушност.

Љарена во образложението на одлуката наведе дека укинувањето на тој вид кривично дело претставува „контекст близок до декриминализација“ на истражните факти, бидејќи тој вид на дело не се вклопува во јавен неред.

Љарена, исто така, ја укина евро потерницата за бунт, но таа остана на сила за проневера и непослушност, што значи дека налозите за поранешните каталонски лидери надвор од Шпанија сè уште важат.

Љарена е главниот судија во процесот инициран против поранешните каталонски лидери кои во 2017 година прогласија независност на шпанската покраина Каталонија, по одржаниот референдум.

Љарена рече и дека ќе чека Генералниот суд на Европската унија да донесе одлука за одземање на имунитетот на Пуџдемон и на уште двајца каталонски лидери кои во меѓувреме станаа европратеници.