18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Picture by Andrew Parsons / No 10 Downing Street
СВЕТ

Соработници на Борис Џонсон правеа секс-забава на Даунинг стрит за време на локдаун

Соработници на поранешниот британски премиер, Борис Џонсон имале секс за време на забава на Даунинг стрит, која се одржала додека биле воведени строги мерки за борба против ширењето на Ковид-19, јавуваат британските медиуми.

Според медиумите, тоа се случило на 16 април 2021 година, вечерта пред погребот на војводата од Единбург.

Сведоци кои присуствуваа на забавата изјавија дека виделе два парови разделени во момент на страст, бидејќи луѓето низ Британија биле принудени да бидат одвоени од своите најблиски поради мерките за коронавирус.

Во времето на собирот на Џонсон и неговите соработници, незаконски беше луѓето да се дружат во затворени простории со луѓе надвор од нивното домаќинство, а собирите беа дозволени само за „деловни цели“.

На овој собир во Даунинг стрит се собраа помошници и функционери, а забавата продолжи и по четири часот наутро.

Еден пар е виден во кујната, пред да се пресели во просторија од која подоцна излегоа „возбудени“, додека друг пар беше забележан како влегува во канцеларија „со исклучени светла“, пишува „Индипендент“.

Поранешниот премиер Борис Џонсон не присуствуваше на настанот, иако стана познат по забавите за време на локдаун.

Спонзорирано: