20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лула да Силва: За 100 дена државата ќе функционира со нормална брзина

Бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва денеска изјави дека има подготвени политики за враќање на земјата во „функционирање со нормална брзина“ во рок од 100 дена и им порача на финансиските пазари да не се грижат за владата на неговата Работничка партија.

Зборувајќи за неодамнешниот напад на приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро врз владина зграда во Бразилија, Лула рече дека тоа е големо предупредување

„Победивме на последните избори, но фанатичните поддржувачи на Болсонаро се многу опасни, затоа во иднина треба да бидеме построги и повнимателни“, рече Лула и нагласи дека треба да се открие кој ги финансира овие дела, т.е. ја загрозува бразилската демократија“.

Во неделата, приврзаниците на десничарскиот Болсонаро го нападнаа бразилскиот Конгрес, Врховниот суд и претседателската палата, повикувајќи на воен удар за да се поништат изборите во октомври и победата на Лула.

Бразилскиот претседател изјави дека и покрај немилите настани, министерот за одбрана Хозе Мусио ќе остане на функцијата.