7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

(Видео) Вучиќ за германската „демократија“: Не можеме да бидеме брутални како нив

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се огласи на својот инстаграм профил. Објави видео во кое одговара на прашање за германските реакции.

Тој беше прашан за коментар на тоа дека „Германците беа најгласни кога го критикуваа однесувањето на полицијата на демонстрациите во 2020 година, а денес германската полиција работи на отстранување на барикадите и растерување на активистите кои се противат на проширувањето на рудниците за лигнит“.

„Ќе ги прашаме нив како тоа оди демократски да се решаваат овие проблеми кога некој окупира патишта, автопати, спречува работа на рудници и сите тие методи ќе ги примениме“, рече Вучиќ.

„Не можеме да ја стигнеме Германија во однос на демократијата, па ќе примениме само 70-80 % од нивните демократски методи. И тогаш ќе мора да не пофалат, да напишат во извештајот за напредокот дека примениле 70-80% од нашите методи. Нема да користиме 100 отсто затоа што се грижиме за нашите граѓани, нема да ги тепаме, малтретираме, како што прават тие. Ако кажат дека треба да учиме од нив, ќе научиме“, стои во описот на постот.