17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина: Поддршката за независноста на Тајван е играње со оган

Кина ги предупреди странските земји да не комуницираат со властите во Тајпеј и да престанат да им испраќаат сигнали за независност.

„Ги повикуваме да престанат да си играат со оган за прашањето на Тајван“, рече Ма Ксијаогуанг, портпарол на кинеската канцеларија за прашања на Тајван, на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека и оваа година Кина е посветена на заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет и кршење на заговорите насочени кон независноста на Тајван.