13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Преку соработка со граѓанскиот сектор до соодветни социјални услуги за граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска го посети долгогодишниот партнер на Министерството во борбата против трговијата со луѓе – Здружението за акција против насилството и трговијата со луѓе „Отворена порта“ – Скопје.

За време на посетата на Здружението министерката се сретна со жртви на трговија со луѓе, кои се згрижени во Центарот за жртви на трговија со луѓе.

„Со склучување управeн договор за социјална услуга овозможуваме функционирање на Центарот за жртви на трговијата со луѓе, во кој услугата ја добиваат жртвите на трговија со луѓе во согласност со меѓународните стандарди за заштита. За нас како Министерство, на прво место е заштита на човековите права на жртвите и справување со трговијата со луѓе, особено со трговијата со деца и заштита на нивниот интерес. Процесот на заштита е долготраен и мултисекторски, во кој особено внимание се посветува на безбедното сместување, здравствената заштита, правната помош, социјалната заштита, образованието и економската поддршка. Наша крајна цел е да им се помогне на жртвите да се најде трајно решение, кое ќе ги адресира сите нивни потреби за заштита и ќе се подготват за интеграција во заедницата“, истакна Тренчевска.

Помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Здружението за акција против насилството и трговијата со луѓе „Отворена порта“ на почетокот на оваа година е потпишан управен договор за давање на услугата привремен престој во Центарот за привремен престој за жртви на трговија со луѓе.

Спонзорирано: