14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени

Телата на 28 лица убиени со огнено оружје се пронајдени во северозападниот град Нуна во Буркина Фасо, потврди тамошното Обвинителство.

Истрагата е поведена по пронаоѓањето на телата на крајот на декември минатата година, објави Обвинителството, без да прецизира други детали, можните сторители, како и мотивите на нападот.

Оваа западноафриканска земја со децении се соочува со бунт на џихадистите, што се прошири од Мали.

Илјадници луѓе беа убиени, а милиони беа протерани од своите домови.