3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски ја очекува првата транша помош од ЕУ

Во тек е 314-тиот ден од руската воена интервенција во Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија планира да користи беспилотни летала за да ги исцрпи одбранбените капацитети на земјата. Северноатлантскиот сојуз најави состанок на шефовите на одбраната од 30 земји на НАТО за војната и за поддршката за Киев во средината на јануари во Брисел.

Борбите продолжија на истокот и на југот на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Москва планира „долгорочна кампања на напади со ирански беспилотни летала“, со цел да ги исцрпи одбранбените капацитети на земјата.

Украинските власти објавија дека 400 руски војници загинале во гранатирањето на градот Макиивка во областа Донецк. Од друга страна, Министерството за одбрана на Русија ги призна загубите, но соопшти дека во тој град загинале 63 руски војници.

Украинските власти претходно објавија дека Киев втора ноќ по ред е под руски напади посочувајќи дека Русите користеле беспилотни летала од Иран.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека е причинета штета на енергетската инфраструктура, како и дека имало прекин во снабдувањето со електрична енергија и парно во главниот град.

Зеленски, по телефонскиот разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, рече дека земјата ја очекува првата транша од макрофинансиската помош на ЕУ за 2023 година во јануари.

Спонзорирано: