17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Србин пронајден мртов во Бугарија: Телото било пронајдено во хотелска соба во пресрет на новогодишната ноќ

Српскиот државјанин Д.Г. (55), по потекло од Трстеник, на новогодишната ноќ под се уште неразјаснети околности бил пронајден мртов во Бугарија.

Тој сам патувал во таа земја и изнајмил соба во мал локален хотел. Според досегашните информации тој излегол на прошетка и бил пронајден мртов.

Според српските медиуми, телото било распарчено и се истражува дали се работи за самоубиство или несреќен случај.

Телото на Д.Г. моментално се уште е во Бугарија каде семејството чека да го идентификува и потоа да го преземе.