15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Турција и Бугарија потпишаа важен договор за пренос на природен гас

Турција и Бугарија денеска потпишаа договор за трансфер до 1,5 милијарди кубни метри природен гас годишно.

– Новиот договор опфаќа период од 13 години – изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез во Софија, каде што беше примен од неговиот бугарски колега Росен Христов.

Донмез додаде дека ваквата соработка во голема мера ќе придонесе за безбедноста на снабдувањето со природен гас за Европа, заедно со Бугарија. Договорот за гас меѓу двете земји го потпишаа генералните директори на турската компанија за нафта и гас (БОТАС) и Булгаргаз.

Договорот доаѓа еден месец по состанокот на енергетските лидери и министри во Истанбул.

– Задоволни сме што темите за кои се разговараше во Истанбул се претворија во конкретни чекори денеска во Софија, неполн месец по нашата последна средба – рече Донмез.

Спонзорирано: