23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мароко ги затвора своите граници за патници од Кина од 3 јануари

Мароканските власти објавија дека почнувајќи од 3 јануари ќе им забранат на патниците од Кина да влезат на нивна територија со цел да се избегне нов бран на инфекција со коронавирус.

– Мароканските власти одлучија да им забранат пристап до нивната територија на сите патници, без разлика на нивната националност, кои доаѓаат од Кина – соопшти Министерството за надворешни работи.

Во Кина, по укинувањето на ограничувањата, нагло се зголеми бројот на заразени. Франција, Италија, Шпанија, Велика Британија, САД и Јужна Кореја воведоа тестови за коронавирус за патници од Кина.

Спонзорирано: