20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Целта на Турција е да постигне политичка и економска моќ на највисоко ниво

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во видео порака објавена по повод Новата година истакна дека се надева оти оваа земја ќе продолжи да бележи напредок и бројни чекори и во иднина.

Тој во оваа смисла посочи дека никој не може да го негира фактот дека Турција со својот разумен и умерен однос во меѓународните кризи ја освои сечија почит.

– Додека светот се бори со енергетската криза, благодарение на нашата позиција станавме центар на меѓународните канали за набавки и трговија. Се надеваме дека во 2023 година, благодарение на нашата визија за векот на Турција, ќе започнеме многу поголем чекор што му доликува на новиот век на нашата Република – рече Ердоган.

Во 2023 година Турција ја слави стогодишнината од основањето на Републиката.

Ердоган исто така посочи дека целта на Турција не е само да влезе во највисокиот ранг на глобалната политичка и економска група на земји, туку да постигне политичка и економска моќ на највисоко ниво.

– Демократијата и развојната инфраструктура што ги постигнавме во нашата земја во последните 20 години ја гледаме како основа и почеток на овој голем напредок. Нашата цел е да го започнеме овој процес на најдобар и најефикасен начин и да им оставиме на нашите млади луѓе земја во која ќе можат да продолжат да ја водат новото турско доба кон успех во согласност со нашите цели, соништа и цивилизациско и историско наследство. Со овие чувства се збогуваме со 2022 година и сакам 2023 година да биде исполнета со мир, спокојство и благосостојба“, рече турскиот претседател.