9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дачиќ откри: Вучиќ побарал да се работи на „одмрзнување“ на односите со Хрватска

Ивица Дачиќ, министерот за надворешни работи на Србија, денеска изјави дека претседателот на таа земја Александар Вучиќ побарал да се работи на „одмрзнување“ на односите со Хрватска.

– Претседателот Вучиќ не замоли да се поврземе со (министерот за човекови и малцински права на Србија Томислав) Жигманов и (хрватскиот претставник Милорад) Пуповец, малку да ги разледиме односите со Хрватска – рече Дачиќ за време на гостувањето во Пинк.

Дачиќ најави дека на покана на Српскиот национален совет ќе оди на божикниот православен прием во Загреб, каде се очекуваат хрватски државници.

Тој додаде дека Србија во иднина ќе бара подобри односи.

Спонзорирано: