8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Велика Британија испрати опрема за отстранување мини во Украина

Велика Британија денеска објави дека и дала на Украина повеќе од 1.000 детектори за метал и 100 парчиња специјална опрема за отстранување бомби за расчистување на минските полиња, во најновиот пакет воена помош за Киев.

„Руската употреба на мини и таргетирање на цивилната инфраструктура ја покажува шокантната бруталност на инвазијата на Путин. Најновиот пакет британска помош ќе и помогне на Украина безбедно да ги исчисти земјиштето и зградите додека ја враќа својата територија“, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Британското Министерство за одбрана додава дека детекторите за метал, произведени од германската компанија „Валон“, можат да и помогнат на армијата во расчистувањето на патиштата од експлозивни направи,пренесе ртв.рс.

Спонзорирано: