6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсени пет лица во Турција, добивале инструкции од Иран за подготовка на терористички напад

На југоистокот на Турција се уапсени пет лица кои имале инструкции од Иран и подготвувале терористички напад, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.

Тој на прес-конференцијата додаде дека тие се уапсени во провинцијата Ван во источна Анадолија, која се наоѓа во близина на границата со Иран, пренесува РИА Новости.

На 13 ноември во терористички напад на централниот плоштад Таксим во Истанбул загинаа шест лица, а 81 лице беа повредени.

Жената осомничена за нападот беше уапсена и призна дека имала врски со Курдистанската работничка партија (ПКК).

Спонзорирано: