20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Си подигале кредити на туѓо име, направиле солидна “заработка”, но потоа им дошла полиција на врата

СВР Штип поднесе кривична пријава против 31 годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и против 39 годишното лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Првопријавениот, на 01 и 02 октомври 2021 година, со лажно прикажување на факти, искористил лични податоци на друго лице и во четири наврати во негово име електронски аплицирал за кредит на веб страни на четири финансиски друштва, од каде му биле одобрени средства од вкупен износ од 97.000 денари.

По ова, 31 годишното лице ги употребил средствата од платежната картичка на лицето и извршил 16 успешни трансакции кон домашни и странски прави лица. Второпријавената А.К. се претставувала и потпишувала во друго име при вршењето на нарачките и приемот на производите кои потекнуваат од горенавадените кривични дела и притоа дел ги задржувала за себе, а дел ги предавала на првопријавениот.