5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рибар паднал од брод во Атлантскиот океан и по два дена во водата успеал да преживее

Бразилскиот рибар Дејвид Соарес (43) бил спасен по два дена плутање во Атлантскиот Океан.

Како што изјави за локалните медиуми, тој паднал од својот рибарски брод и пливал четири часа пред да наиде на пловка на која успеал да се качи.

Соарес испловил од плажата Атафона на 25 декември кога се лизнал и паднал во водата додека ловел риба.

„Првите 10 минути беа најтешки бидејќи сакав по секоја цена да се вратам на бродот, но струите беа премногу силни и не можев да стигнам до нив“, рече тој.

Кога сфатил дека мора да го напушти бродот, ги соблекол кошулата и панталоните бидејќи го влечеле до дното.

„Беше ветровито, па дозволив водата да ме носи за да изгубам што помалку енергија“, објасни тој.

По четири часа стигнал до сигналната пловка, на која се искачил.

„Мислев дека ќе замрзнам до смрт“, се сеќава тој.

Дури по два дена бил забележан од рибари кои тргнале во потрага по него откако биле предупредени од неговото семејство. И покрај се беше насмеан и расположен. Го обземаа емоции кога ја виде реакцијата на рибарите кои го пронајдоа: „Сите плачеа“, раскажува негов пријател.