5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ѓукановиќ: Немам намера да спроведам закон што е во спротивност со Уставот на Црна Гора

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ му одговори на еден од лидерите на ДФ, Андрија Мандиќ, дека не ги оспорува, како што наведува, тврдењата за мнозинска поддршка за кандидатот Миодраг Лекиќ, но додава дека овој предлог нема основа во Уставот.

„Вие, како и црногорската и меѓународната јавност, го знаете мојот став за неуставниот Закон за изменувањето и дополнувањето на Законот за претседателот, кој го соопштив на прес-конференција на 16 декември, како и во други пригоди“, напиша Ѓукановиќ.

Тој рече дека е отворен за искрен, принципиелен, инклузивен политички дијалог заснован на демократски стандарди.