12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Петровска до новите професионални војници: Бидете горди затоа што станувате дел од најпочитуваната институција

„Силна, опремена и модернизирана Армија, способна да одговори на сите предизвици. Тоа е Армијата на Република Северна Македонија, институцијата што денеска ужива најголема доверба кај граѓаните и тоа навистина е огромна чест, но и обврска за сите нас“, истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на денешната свеченост во касарната „Илинден“ по повод приемот на нови 200 професионални војници во редовите на македонската Армија.

Министерката на новите војници им порача да бидат горди што стануваат дел од институција што функционира како едно семејство, кое не препознава пол, вера, етничка припадност, институција која е најпочитувана, најценета, институција во која Министерството за одбрана и Генералштабот ќе бидат секогаш со нив.

„Наша задача е да бидете добро опремени, да работите во одлични услови, да имате ново и модерно вооружување, да имате плати што одговараат на вашиот труд, енергијата и знаење што ги вложувате“, рече Петровска.

Петровска додаде дека од денес новите војници зачекоруваат во една институција чиј буџет континуирано расте, во една професија во која сериозно се инвестира во условите за работа и во стандардот на вработените и професија во која од исклучителна важност е развојот на човечкиот потенцијал.

„Од денес почнува вашата обука. Таа ќе биде спроведена од врвни професионалци, кои својата кариера ја почнале како вас. Во текот на кариерата ќе имате можност да учите и од вашите колеги од НАТО-сојузничките земји. Ќе учите, ќе соработувате и ќе продолжите да го градите системот на заштита, безбедност и отпорност, систем во кој сите ние земјите членки на најголемата воено-политичка алијанса во светот придонесуваме за глобалната стабилност и безбедност“, рече министерката Петровска.

Спонзорирано: