21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Идејата дека ВМРО-ДПМНЕ може одново да преговара француски предлог е илузија

Ние минатото лето имавме еден тежок преговарачки процес, ова беше година на тешки одлуки, на одлуки кои што претставуваа голем товар и за Владата и за Собранието, но од друга страна беа државнички и стратешки за нашиот натамошен пат, рече вицепремиерпт за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Сител телевизија.

-Истото го имавме и пред 4 години кога требаше да влеземе во НАТО и сега сме исправени пред една таква дилема. Францускиот предлог е нешто што беше интензивно преговарано со најголемите сили во Европа и во Светот. Знаеме дека идејата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде тоа што ќе го претстави пред граѓаните е дека тие ќе испреговараат подобар предлог. Мислам дека тоа е една илузија која се нуди на граѓаните која што звучи добро за сите да се разбереме. И ние би сакале да имаме можност да испреговараме подобар предлог, но ова што го добивме на маса е максимумот во овој момент во контекст на војната во Украина и се друго што треба да го имаме предвид, кажа Маричиќ.