20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Земјотрес кај Мостар

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди подрачјето на Мостар, додека Сеизмолошката служба на Хрватска регистрираше земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Според соопштението на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот е регистриран утрово во 7 часот и 49 минути, а епицентарот е на 20 километри од Мостар.

Длабочината на земјотресот се проценува на два километри.

Според коментарите објавени на порталот ЕМСЦ, „добро се затресе“ во Чапљани и дека ударот бил „брз и жесток и кратко траел“.

Хрватските медиуми јавија дека земјотресот бил почувствуван и во Далмација.