Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува, се што кажа излажа

„На Христијан Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев, не може да му се верува, цела година изнесува тешки лаги, манипулации, конструкции. Го лажеше народот дека со прифаќањето на европскиот предлог, ќе следи асимилација и бугаризација. Лажеше Мицкоски дека македонскиот јазик ќе бил прогласен за бугарски дијалект, дека нема да започнеме преговори со ЕУ“ соопштија денеска од владејачката СДСМ.

Оттаму посочија дека „преговорите започнаа и тоа со заштитен идентитет и јазик“.

„Во својство на шпицен градоначалник, Мицкоски најавуваше набавка на 100 електрични автобуси за потребите на јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Не само што нема 100 нови електрични автобуси, туку и тие што ги има веќе не возат. На Мицкоски не може да му се верува, се што кажа излажа“ се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНА ВЕСТ: ДОАЃААТ ДВА ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ – Еве уште колку неработни денови преостанаа

ДЕСК

СДСМ: Врв на лицемерие и лажење: Во Влада на Мицкоски со бугарски пасоши може, а малцинства во Уставот не може!

ДЕСК

Малолетник крадел по џамии

ДЕСК