14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бројот на загинати во експлозијата на цистерна во ЈАР се искачи на 15

Бројот на загинати во експлозијата на цистерна со течен нафтен гас на 24 декември во јужноафриканскиот град Боксбург се искачи на 15, соопшти денеска министерот за здравство на ЈАР, Џо Фаала.

Во досегашните информации се споменуваа осум жртви од експлозијата.

Министерот Фаала посочи дека бројката од 15 жртви не е конечна поради природата на повредите што ги добиле преживеаните, а тоа се тешки изгореници.