22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
danela arsovska, mickoski
ТЕМАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Се вжешти војната меѓу Арсовска и Мицкоски: Дали лидерот на ВМРО ДПМНЕ и’ се заканувал на скопската градоначалничка?

„Јас да, сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно. Кога ќе бидам премиер, ќе те влечеме по улиците, ќе го бришеме подот со тебе“, рече вчера во емисијата на Канал 5, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Со ова се отворија многу прашања дали Христијан Мицкоски упатувал вакви закани кон неговата кандидатка на последните локални избори.

– Крајно сме загрижени за психофизичката состојба во која се наоѓа градоначалничката Арсовска. Сметаме дека постојат основани сомнежи, кои се манифестираат во континуитет неколку месеци наназад, за здравствената способност таа да ги извршува надлежностите што ѝ се доверени, рекоа од ВМРО ДПМНЕ во нивната реакција.

Ситуацијата ја искористи и СДСМ од каде што на посебна прес конференција порачаа дека наместо за граѓаните, наместо за проекти, граѓаните слушаат закани, навреди, едно ниско, разочарувачко ниво.

– Ова, почитувани е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ не е поместено ниту еден милиметар од насилничката матрица која 11 години ги тероризираше граѓаните и државата.

Ако Мицкоски сега како шеф на опозициска партија се заканува на актуелен градоначалник, може да замислиме како тој ќе постапува ако по некоја случајност добие шанса да предводи централната власт.

Ете што ги чека граѓаните со Мицкоски. Закани, насилство, навреди, влечење по улици, ништо добро, рече Богданка Кузеска од СДСМ.

Арсовска не е прв поранешен соработник на Мицкоски кој се жали на неговите постапки, претходно реагираше и Јакимовски

Јакимовски во јуни летото обвини Мицкоски дека правел крупни грешки поради кои коалицијата не функционирала со целосен капацитет

„Партијата не може да биде ничиј заложник. Сме направиле коалиција за подобро утре. Ако гледаме дека работата не оди, тогаш не сме подготвени да соработуваме. Во изминатиов период ние голтнавме крупни грешки на Христијан Мицкоски, поради кои опозицијата ја држат во лер, без функционирање во полн капацитет. Ако ви кажам дека пред локалните избори ми демонстрираше лажни анкети, па виде дека и ние правиме анкети и беше видно вознемирен. Во минатиот период за време на полицискиот час од ГРОМ никој не одеше по кафеани, тератени, кој ги правеше тие штети? Одлагаше пописи, сè на штета на државата“,

Тој додаде и дека постојано трпел навреди од Мицкоски, но не можел да премине преку она, како што рече, што им било направено на граѓаните.

„Трпев и за мене што зборуваше ‘Стевчо е мртов човек, болен и ќе умре, мртов политичар’, тој заслужи бокс да му мавнам, а не коалиција да раскинам. Односот кон мојата партија го трпев, но кога се граѓаните во прашање тоа не може да помине“, рече Јакимовски во јуни годинава.

Спонзорирано: