17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Велика Британија воведува санкции за 12 руски воени команданти и ирански бизнисмени

Велика Британија воведе санкции за 12 руски воени команданти, за кои вели дека се вклучени во ракетни напади врз украински градови, како и ирански бизнисмени, кои ги обвинува дека се вклучени во производството и снабдувањето на воени беспилотни летала користени во руските напади во Украина, пренесуваат медиумите во регионот.

„Пресметаните напади на руските сили врз градови и невини цивили во Украина нема да останат без одговор“, изјави британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Додаде дека иранскиот режим е сè поизолиран и соочен со заглушувачките повици за промени од сопствениот народ и прави, како што рече, „валкани договори со (рускиот претседател Путин) во очајнички обид да преживее“.

Велика Британија тврди, повикувајќи се на американско разузнавање, дека беспилотните летала од Иран одиграле централна улога во нападите врз цивилите во Украина.

Техеран и Москва ги отфрлија западните обвинувања дека Русија користи ирански беспилотни летала за да напаѓа цели во Украина.

Спонзорирано: