14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Приватните превозници ги повлекоа блокадите

Протестите прекинуваат и после оваа прес-конференција автобусите се повлекуваат од блокадите. Ќе му се даде простор на дијалогот што го предложи премиерот Димитар Ковачевски, изјави вчера Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

„Предложивме она што го кажа премиерот да се испочитува. Денеска по овој прес сите автобуси што се на улица да се повлечат, за да му се овозможи простор на дијалогот што тој го предлага и што за нас е основа за средба на која што, како што и самиот спомена ќе бидат презентирани сите аргументи, докази и факти за целава оваа состојба“, рече Јовановски.

„Од адвокатите сум известен дека е закажано прво рочиште за долгот на 9-ти февруари, нешто што е прилично далеку. Не сме среќни што оваа работа треба да ја решаваме на суд. Се надеваме дека во меѓувреме, ќе направиме спогодба за тој долг да се исплати пред овие рокови“, кажа Јовановски.

Тие го прифаќаат условот на Ковачевски да се тргнат сите автобуси на „Илинденска“ и му кажа: „Не станува збор за притисоци и закани, туку протестот се одвива на начин на кој превозниците сметаат дека можат да ги заштитат своите права“.

„Доставено е барање до Град Скопје и службите да го повлечат известувањето за раскинување на договорот на „Слобода превоз“ врз основа на правни аспекти на кои се повикуваме и да се примени одредбата за секој спор, да има работна група, па да се обидат спорот да го решат меѓу нас, пред да оди на суд“, додаде тој.

Истакна дека се прифаќа идејата тие како претставници на приватните превозници кои што располагаат со документација да ја презентираат на таа средба.

„Прифаќаме и инститираме на таа средба да има претставници и од Градот Скопје, но и од ЈСП каде ќе ги соочиме аргументите со кои што располагаат сите три страни, за јавноста да биде посоодветна запознаена. Во целост прифаќаме се што премиерот Ковачевски го кажа, бидејќи вистината е на наша страна и сметаме дека доколку постои таква институционална можност преку отворање на овој дијалог кој мора да биде интензивен и што побргу да се реши“, дополни Јовановски.

Спонзорирано: