20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потона чамец со мигранти, во тек е спасувачка акција во Ла Манш

Мал брод со мигранти потона во Ла Манш во близина на југоисточниот брег на Англија и има жртви, јави денеска Би-би-си.

Портпаролот на Министерството за одбрана потврди дека „инцидентот е во тек“, но не соопшти детали.

Крајбрежната стража објави дека ја координира операцијата „како одговор на инцидентот со мал брод во близина на брегот на Кент“.

Во операцијата учествуваат морнарицата, граничната служба и локалната полиција, а на местото се испратени и спасувачки чамци, се наведува во соопштението.