22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден го потпиша законот за хомосексуални бракови

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за хомосексуални бракови пред илјадници луѓе на церемонија во Белата куќа.

„Законот за геј-бракови и љубовта што ја брани нанесува удар на омразата во сите нејзини облици и затоа овој закон е важен за секој Американец“, рече Бајден.

Законот ги штити меѓурасните бракови во САД. Од некои држави нема да се бара да издаваат дозволи за брак на истополови двојки, но од нив ќе се бара да ги признаат таквите бракови направени на друго место во земјата.

Законот предвидува дека црквите сепак може да одбијат да склучуваат геј-бракови.

Мнозинството републиканци во Конгресот гласаа против тој закон.

Целта на новиот закон е да ги заштити хомосексуалните бракови доколку Врховниот суд на САД некогаш ја промени пресудата во случајот Обергефел против Хоџис.

Меѓу присутните беше и сопственикот на „Клуб К“, ноќниот геј-клуб во Колорадо, каде што минатиот месец беа убиени пет лица во пукотница, а двајца има преживеани од тој напад.