21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТЗДРАВЈЕТОП ВЕСТИ

Лабораториите ги објавија првите позитивни резултати за вакцината против рак на кожата

Американските лаборатории „Модерна“ и „Мерк“ објавија позитивни прелиминарни резултати за вакцината против рак.

Оваа вакцина се произведува со информациска РНК технологија, а се дава во комбинација со антиканцероген лек.

За време на тестирањето на околу 150 луѓе со меланом, оние кои ја примиле вакцината во исто време со антиканцерогениот лек „Keytruda“ имале 44 отсто намалување на ризикот од повторување на ракот или смрт во споредба со луѓето кои го земале само лекот.

„За прв пат, го демонстриравме потенцијалот на информативната РНК во клиничкото испитување на меланом“, рече Стефан Бансел, шеф на „Модерна“ во изјавата.

„Модерна“ и „Мерк“, познати како МСД надвор од Северна Америка, очекуваат наскоро да ги објават целосните резултати од испитувањето, чии резултати се уште не се потврдени од експерти.

Компаниите очекуваат и во 2023 година да го лансираат таканареченото тестирање тип три, односно на многу поголем број пациенти.

Информациската РНК технологија се покажа како клучна во борбата против пандемијата „Ковид-19“. „Модерна“ направи пробив на фармацевтскиот пазар со тоа што беше меѓу првите, заедно со „Фајзер-Бионтек“, кои направија вакцина против Ковид-19 користејќи ја таа технологија.

Таа технологија се смета за ветувачка во борбата против голем број други болести.

Лекот за рак „Keytruda“ е одобрен само во САД.

Развиената вакцина за меланом е персонализирана, дизајнирана и произведена врз основа на уникатниот мутациски потпис идентификуван на туморот на пациентот, се вели во соопштението.

За време на испитувањето, пациентите прво имале операција за отстранување на туморот пред да бидат третирани со најмногу девет дози од вакцината.

Околу 325.000 нови случаи на меланом се дијагностицирани во 2020 година во светот, се вели во соопштението.

Двете компании во октомври објавија дека постигнале договор за заеднички развој и комерцијализација на вакцина против рак на кожата.

Спонзорирано: