Centar.mk
БИЗНИС

Илон Маск и официјално ја загуби титулата најбогат човек на светот

Извршниот директор на „Тесла“ и официјално ја загуби титулата најбогат човек на светот од францускиот бизнисмен Бернар Арно, челник на компанијата за луксузни брендови ЛБМХ, објави британски „Индипендент“.

Маск беше на оваа позиција од септември 2021 година кога го презеде првото место од основачот на „Амазон“, Џеф Безос.

Арно раководи со најголемиот конгломерат на луксузни брендови во светот. Французинот, кој го нарекуваат крал на светскиот луксуз, под капата на својата групација ЛВМХ стави десетици луксузни брендови, меѓу кои „Луј Витон“, „Тифани“, „Селин“ и „Таг Хоер“.

Новиот сопственик на „Твитер“ ја загуби позицијата на врвот на листата во понеделникот кога акциите на „Тесла“, кои изгубија половина од вредноста во 2022 година, паднаа речиси 6,3 отсто, според „Форбс“.

Падот на вредноста на акциите се случи откако Маск во октомври неволно затвори 44 милијарди долари за „Твитер“.

Можеби ќе ве интересира

Што ги движи иновативните компании? Реплек и Економскиот факултет отворија дебата за иднината на бизнисот

C +

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

C +

Global Engineer Girls North Macedonia дел од средбата на девојки-инженери од осум држави

C +