22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Aрмијата на Белорусија ја подигна борбената готовност на границата со Украина

Белоруската армија ја подигна борбената готовност на војниците на границата со Украина, пренесува Ројтерс.

Армијата ја подигна борбената готовност како дел од ненајавената проверка на борбената готовност на војниците која започна денеска.
Ројтерс пренесува дека белорускиот секретар за државна безбедност Александар Волфович изјавил дека оваа задача произлегува од анализата на она што Русија го нарекува „специјална воена операција“.

Според агенцијата, оваа акција на белоруската армија, заедно со антитерористичката воена вежба минатата недела во Киев, предизвикала загриженост дека Белорусија би можела да и се придружи на Русија во конфликтот во Украина.

Минск, како што анализира медиумот, претходно изјави дека нема да влезе во војната во Украина, но на крајот на февруари Белорусија им дозволи на руските сили да ја нападнат северна Украина од белоруска територија, а во октомври распореди војници заедно со руските сили во близина на украинската граница.

Ројтерс потсетува дека белоруското Министерство за одбрана претходно објави дека „во овој период се планира преместување на воена опрема и персонал, како и привремено ограничување на движењето на граѓаните по одредени јавни патишта“.

Агенцијата наведува дека западните воени аналитичари велат дека белоруската армија нема сила и борбено искуство, но дека нејзиниот евентуален напад врз северна Украина би бил товар за Киев, кој се фокусира на борбите со руските сили на југоисток.

Спонзорирано: