Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНО

Подгтовете се: Овие скопски населби ќе останат без струја и вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиеното соопштение од ЕВН, известува дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

· од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул. Варшавска. (Општина Карпош)

· од 09:00 до 13:30 часот, корисниците од дел од с. Љубин. (Општина Сарај)

· од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од селата: Раовиќ и Паничари. (Општина Сарај)

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиенa информација од ЈП Водовод и канализација, известува дека денеска поради одредени технички зафати без вода ќе бидат жителите на ул. Роса Плавева бр. 6 во Општина Центар.

„Поради отстранување дефект на приклучна водоводна цевка со пречник ф-3/4 цола, на ул. Роса Плавева бр. 6, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. (Општина Центар)“, соопштија надлежните.

Можеби ќе ве интересира

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт

ДЕСК