14.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Press conference by NATO Secretary General Jens Stoltenberg following the first day of meetings of NATO Defence Ministers
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Се огласи Столтенберг и испрати порака до Белград и Приштина: НАТО е подготвен

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, коментирајќи ги тензиите на Косово и Метохија, испрати јасна порака до двете страни.

Имено, тој за француската телевизија „Франс 24“, одговарајќи на прашањето колку е загрижен за последните настани на Косово, изјави дека неговата порака до двете страни е да се воздржат од изјави кои придонесуваат за ескалација на конфликтот и потези, и да помогне во намалувањето на тензиите.

„НАТО е многу фокусиран на прашањето за Косово, како и за Западен Балкан. Имаме долга историја, помогнавме да се стави крај на две етнички војни, прво во Босна и Херцеговина, а подоцна и во Косово. Нашите сили се уште се присутни таму преку Силите на НАТО, односно КФОР кој има речиси 4.000 членови и е клучен фактор за стабилизирање на регионот и ситуацијата“, рече генералниот секретар на НАТО.

А потоа испрати уште појасна порака:

„Нашите сили се подготвени, способни и „внимателни”. Тие ја следат ситуацијата многу внимателно. Силите на НАТО и ЕУ тесно соработуваат. Мој совет до сите страни е да се воздржат од реторика што придонесува за ескалација на конфликтот и да помогнат во намалувањето тензии“.