23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потпретседателката на ЕП демантираше дека добила пари од Катар

Потпретседателката на Европскиот парламент Ева Каили негираше дека примила пари од Катар, откако беше обвинета за перење пари и корупција во ова тело, изјави денеска нејзиниот адвокат во Грција, Михалис Димитракопулос.

Каили, една од 13-те потпретседатели на Европскиот парламент, е меѓу четворицата уапсени и обвинети во Белгија.

Во текот на викендот се појавија обвинувања дека добиле големи суми пари и подароци од Катар за да влијаат на одлучувањето во ова тело на ЕУ.

„ Нејзиниот став е дека е невина, толку можам да ви кажам – изјави Димитракопулос за телевизија „Отворено“.

Тој додаде дека Каили „нема никаква врска со финансирањето од Катар – јасно и недвосмислено“, и дека во животот не се занимавала со комерцијални активности.

Вчера Грција и го замрзна имотот на Каили во оваа земја, а Европскиот парламент ја суспендираше од функцијата.

Спонзорирано: