Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведени четворица ловокрадци во Национален парк „Шар Планина“

На 12.12.2022 во 09.30 часот во Национален парк „Шар Планина“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача ги лишиле од слобода А.Н.(59) од с.Градец, гостиварско, Д.А.(55), Г.Б.(36) и Д.Р.(18), тројцата од Италија, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „незаконит лов“ казниво по член 228 од Кривичниот законик.

При извршен преглед, кај Д.А. била пронајдена ловечка пушка „Бернардели “ и 20 патрони муниција, а кај Г.Б. била пронајдена ловечка пушка „Бетинсоли“ и 21 патрони муниција, за кои не поседувале документи.

Лицата биле предадени на полициски службеници во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО МЕТАЛЕН ПРЕДМЕТ ВО МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ – 55-годишник пријавил насилство во Карпош

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Оштетен автомобил со српски регистарски таблички

ДЕСК

АПСЕЊЕ ВО ШТИП – Полицијата запрела „сеат“, во возилото пронашла марихуана

ДЕСК