22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Не попуштаат тензиите на Косово, состанок на министрите на ЕУ

Србите кои протестираат поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ се уште се на барикадите. Северот на Космет исто така е блокиран од косовската полиција, а преминувањето на премините Брњак и Јариње не е можно ниту пеш, јавува РТС.

Училиштата на северот на Косово и Метохија денеска нема да работат.

На Дејан Пантиќ, поранешниот полицаец кој пред три дена беше уапсен на преминот Јариње, му е одредена мерка притвор до 30 дена. Одлуката на судијата од Приштина дојде без образложение.

Во меѓувреме, премиерот на Косово Аљбин Курти, за време на неговата посета на Виена најави дека Приштина овој месец ќе поднесе апликација до Брисел за членство во ЕУ. Вечерта повеќе од 300 вооружени специјалци на косовската полиција, придружувани од оклопни возила, влегоа во Митровица од југ.

Проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан како и ситуацијата на северот на Косово и Метохија ќе бидат тема на денешната средба во Брисел на министрите за европски прашања на Европската унија.

Спонзорирано: