23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Детали за трагедијата во Англија: едното од удавените момчиња починало додека ги спасувало другите деца

Десетгодишно момче трагично загина додека се обидувало да спаси уште три другарчиња кои паднале низ замрзнатото езеро Бабс Мил. Според неговото семејство, Џек Џонсон без да размислува за сопствената безбедност скокнал во леденото езеро откако ги слушнал криците на децата кои паднале во водата, пренесува Мирор.

Спасувачките служби објавија дека заедно со Џонсон починале и двете деца кои се обидел да ги спаси, на возраст од 11 и осум години. Четвртото дете на шестгодишна возраст се уште е во критична состојба. Наредникот Ричард Харис, од полицијата на Вест Мидлендс, рече дека еден полицаец со голи раце го пробил мразот за да ги спаси момчињата.

Неколку деца во неделата паднаа низ замрзнато езеро во близина на Бирмингем, Англија. Властите велат дека инцидентот се случил кога децата си играле на мразот во Бабс Мил Парк. Во неделата вечерта, Ричард Стентон, шеф на противпожарната служба на Вест Мидлендс, рече дека по пристигнувањето им било кажано дека во езерото има до шест лица.

Полициски екипи синоќа продолжија да го пребаруваат езерото за други можни жртви. Но, Харис рече дека други деца не се пријавени за исчезнати. Службите за итни случаи соопштија дека биле повикани на местото на настанот во неделата во 14.30 часот и дека првото возило пристигнало седум минути по повикот.

Спонзорирано: