25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Интерпол распиша црвена потерница – „кралот на криптовалутите“ веројатно се крие во Србија

Јужнокорејските обвинители веруваат дека До Квон, неуспешниот претприемач зад токен дебаклот од 40 милијарди долари, се крие во Србија додека тие продолжуваат со нивниот повеќемесечен лов по него, пишува „Фајненшл тајмс“.

Тие сега бараат соработка од српските власти за да го лоцираат и приведат, соопшти окружно обвинителство во Сеул, кое го истражува колапсот на операторот за криптовалути на Квон, „Terraform Labs“.

Квон беше обвинет за измама и кршење на законите за пазарот на капитал на неговата земја по колапсот на неговите крипто монети terraUSD и Luna во мај годинава.

Обвинителите во октомври рекоа дека тој отишол во непозната земја преку Дубаи откако го напуштил Сингапур, каде што е седиштето на Тераформ.

Јужна Кореја му го одзеде пасошот на Квон во ноември. Интерпол издаде црвена потерница против Квон на барање на Сеул. Јужна Кореја нема договор за екстрадиција со Србија, но двете земји пристапија кон Европската конвенција за екстрадиција.

Квон негираше дека сторил нешто лошо, иако им се извини на жртвите од колапсот на неговиот блокчејн систем.

Тој тврдеше дека јужнокорејските обвинувања против него не се „легитимни“ и дека се „политички мотивирани“.