11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

СДСМ: Мицкоски да ги тргне рацете од Општина Аеродром, а Муцунски да се фати за работа

Тимчо Муцунски викендов покажа дека под притисок на Мицкоски работи само за тендер интересите на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ преку соопштение.

„Изминатиот викенд бевме сведоци дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски креираат општински буџет во Аеродром, којшто наместо да одговара на потребите на нашите сограѓани, прилагоден е исклучиво на теснопартиските интереси на нивната партија.

Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски потврдува дека освен „рацете во медот“, друго ништо не го интерисира, а Муцунски без трошка срам дозволува партиски лидер да му го креира општинскиот буџет, под маската на привидно прашување граѓаните за нивните потреби.

Прво, Муцунски ги кани граѓаните да дадат свои предлози на веќе креиран предлог-буџет, испратен на увид на членовите на Советот пред точно една недела. Да го интересираше навистина нивното мислење за буџетот, ќе организираше средби со граѓаните пред да го испрати на увид кај членовите на Советот.

Второ, ова е прв пат од постоењето на Општина Аеродром да се предвидува задолжување на општината, што претставува само уште еден доказ за неспособноста на економскиот тим на Муцунски.

Мицкоски постојано зборува за тендери и пари, тоа е единствено за што се интересира, а Муцунски ја претвории Општина Аеродром во инструмент за „брцање во медот“.

Го повикуваме Мицкоски да ги тргне рацете од Општина Аеродром, а Муцунски наместо да продава евтина пропаганда, конечно да се фати за работа. Граѓаните очекуваат резултати и реализација на ветеното, евтините приказни нека ги зачуваат за друго место“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: