17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Вучиќ свика седница на Советот за национална безбедност

Српскиот претседател Александар Вучиќ свика седница на Советот за национална безбедност за 19 часот.

После тоа, Вучиќ ќе и се обрати на јавноста, пренесува РТС.

Србите од северот на Косово вчера поставија барикади во знак на протест против апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.

Од ЕУлекс потврдија дека во саботата вечерта била фрлена шок бомба врз нивната извидничка патрола кај Рудар, наведувајќи дека нема повредени или материјална штета.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, во врска со последните тензии на северот на Косово, истакна дека ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС на Косово, ниту насилство и криминални дејствија на северот. .

Тој додаде дека барикадите на косовските Срби на северот мора веднаш да бидат отстранети.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им порача на Србите во Косово, кои, како што наведе, „уште еднаш беа принудени да ги бранат своите огништа на барикадите“ дека „нема предавање и нема да има“.

– Пораката до сите останати е да се формира ЗСО, да се почитуваат правата и слободите на Србите и Србија и да се однесуваме во согласност со потпишаните договори и меѓународното право, бидејќи само така ќе почнеме да ги нормализираме односите и животите на сите нас. – напиша Вучиќ на Инстаграм.

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија има интерес за мир и стабилност и дека ги почитува сите потпишани договори, за разлика од, како што рече, Косово и неговиот премиер Албин Курти.

По повод барикадите на косовските Срби на север, таа ги повика сите да бидат смирени и уште потрпеливи, нагласувајќи дека сите протести треба да бидат мирни и демократски.

Спонзорирано: