12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Француски министер: Не треба да се срамиме што сме голема нуклеарна нација

Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер предвиде враќање на нуклеарната енергија за сите големи индустриски земји, вклучително и Германија.

– Нема голема индустријализирана нација без нуклеарна енергија. Сите главни индустријализирани нации во светот, сите главни индустријализирани нации во Европа, вклучително и оние кои направија поинаков избор, еден ден, порано или подоцна, ќе се вратат на нуклеарната енергија. Затоа што ако земјите беа соочени со избор да ја напуштат својата индустрија или да ја оживеат нуклеарната енергија, тие би се вратиле на нуклеарната енергија – рече Ле Мер при посетата на француската нуклеарна централа Пенли.

Тоа е прашање на години, тоа нема да се случи веднаш, но убеден сум дека голема индустријализирана нација, без разлика која, ќе се врати на нуклеарната енергија бидејќи тоа е услов за одржување на нејзината индустрија, додаде тој.

Францускиот министер за економија претходно се бранеше од критиките, особено од Германија, за посветеноста на Франција кон нуклеарната енергија.

– Не треба да се срамиме што сме голема нуклеарна нација – им нагласи Ле Мер на работниците во електраната.

Во корист на нуклеарната енергија зборуваат и еколошките причини, рече тој.

– Одлуката за нуклеарна енергија е одлука за климата – изјави тој.

Во февруари, францускиот претседател Емануел Макрон најави „ренесанса на француската нуклеарна енергија“. Планираат да изградат шест нови нуклеарни централи, а се размислува за изградба на уште осум централи до 2050 година.

Спонзорирано: