24.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Ќе разговарам со Путин и Зеленски за иницијативата за жито во Црното Море

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за зајакнување на иницијативата за црноморско жито поддржана од ОН.

Договорот за извоз на земјоделски производи од Украина, со посредство на Турција и ОН, беше склучен на 22 јули, а на 17 ноември беше продолжен за 120 дена.
Договорот помогна да се избегне глобална прехранбена криза со тоа што дозволи извоз на храна и ѓубрива од неколку црноморски пристаништа во Украина блокирани од Русија, проценува британската агенција.