14.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Размената на трговец со оружје за кошаркарка не е пресвртница во односите меѓу Русија и САД

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека размената на дилерот на оружје Виктор Бут за кошаркарката Бритни Грајнер не претставува пресвртница за ставање крај на кризата во односите меѓу Русија и САД и оцени дека односите се уште се во „лоша состојба“.

Разговорите беа само за размена и веројатно не треба да се извлекуваат шпекулативни заклучоци дека тоа може да биде чекор кон решавање на актуелната криза во нашите билатерални односи. Нашите билатерални односи остануваат во истата лоша состојба, рече Песков во барањето за коментар на дневниот весник „Известија“ што излезе денеска, пренесува ТАСС.

САД и Русија вчера на аеродромот во Абу Даби ја разменија кошаркарката Бритни Грајнер, која беше во затвор во Русија, за рускиот дилер на оружје Виктор Бут, кој помина 12 години во американски затвор.

Грајнер, која освои два златни олимписки медали, беше уапсена на 17 февруари на московскиот аеродром бидејќи во багажот имала масло од канабис, кое е забрането во Русија. Таа на 4 август беше осудена на девет години затвор.

Во 2012 година, Бут беше осуден на 25 години затвор во САД под обвинение за заговор за убивање Американци, набавка и извоз на противвоздушни ракети и обезбедување материјална поддршка на терористичка организација.