9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА+СВЕТ

Британија тврди: Русите добиле нова пратка ирански беспилотни летала камикази

Министерството за одбрана на Велика Британија објави нов извештај на своето воено разузнавање за војната во Украина. Во него се наведува дека Русија можеби добила нова пратка ирански беспилотни летала камикази.

Во вторникот, потсетуваат, Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека нивните сили собориле најмалку 14 беспилотни летала од типот Шахед-136.

Вчера, сепак, украинските власти објавија дека Русите користат ирански беспилотни летала за напади во регионите Запорожје и Днепар.

Последното пријавено соборување на ирански беспилотни летала камикази пред тоа беше на 17 ноември, според разузнавачите.

Спонзорирано: