14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Соборил две ракети и пет дронови, направил селфи и се катапултирал (ФОТО)

Награден е украинскиот пилот кој собори два проектили и пет беспилотни летала пред да се катапултира од својот авион.

Војникот Вадим Ворошилов беше одликуван со Орден „Златна ѕвезда“ на „Херој на Украина“ за операцијата што ја изведе над регионот Виница на 12 октомври. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот го одобри владиниот декрет за негова чест.

Неговата фотографија се појави на социјалните мрежи претходно оваа недела, на која се гледа дека пилотот е облеан во крв.

На крајот се катапултирал бидејќи бил оштетен авионот со кој управувал.

Во понеделникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски го одобри владиниот декрет со кој му оддава почит како признание за неговата служба.

Спонзорирано: