17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Погубен е демонстрант во Иран

Иран денеска погуби демонстрант осуден за прободување на припадник на безбедносните сили и блокирање улици за време на неодамнешните протести во Техеран, објави новинската агенција „Тасним“.

Иранската агенција наведува дека Врховниот суд на Иран ја одбил жалбата на осудениот, ја потврдил смртната казна, наведувајќи дека неговите постапки претставуваат „злосторство водење војна против Бога“.

Извесен Мохсен Шекари е егзекутиран, но не се познати повеќе детали за него.

По смртта на младата Иранка, Махса Амини во притвор на 16 септември, иранската револуционерна гарда го пофали судството за неговиот строг став кон демонстрациите и го охрабри судот да дејствува решително и брзо кога станува збор за обвинетите за „злосторства против безбедноста на државата и исламот“, пренесе Ројтерс.

Портпаролот на судството, Масуд Сетајеши, во петокот изјави дека пет лица вклучени во убиството на членот на полицијата Басиџ, Рухола Азхамијан се осудени на смрт и дека можат да поднесат жалба на пресудата.

Спонзорирано: