16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Десет лица загинаа во гранатирање на истокот на Украина

Најмалку десет лица загинаа во руско гранатирање на истокот на Украина, а многумина се ранети, изјави претседателот Володимир Зеленски.

Зеленски за нападот што се случи во градот Курахово рече дека бил „многу жесток и апсолутно пресметан“.

„Тоа беа мирни луѓе, обични луѓе“, рече Зеленски во ноќното видео обраќање.

На пазар, во лифт, на бензинска, на автобуска и во станбена зграда, во моментов списокот на загинати е десет, а многу се повредени“, рече Зеленски, пренесе Слободна Европа.

Зеленски, исто така, рече дека четворица полицајци загинале од руска мина додека работеле на стабилизирање на енергетската мрежа во јужниот регион Херсон. На четворица други полицајци им била укажана лекарска помош.

Спонзорирано: