10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руте: Следната година Бугарија може да направи чекори напред на својот пат кон шенген

Премиерот на Холандија, Марк Руте, е оптимист дека следната година Бугарија може да направи чекори напред на патот кон шенген.

Руте учествуваше во Тирана на самитот на Европската Унија – Западен Балкан, заедно со лидерите на земјите членки, меѓу кои и бугарскиот претседател Румен Радев.

Руте коментира за позицијата на Холандија за бугарското членство во шенген:

„Во оваа фаза не е ‘не’ за Бугарија, тоа е ‘сè уште не’. Ќе биде потребно повеќе време од две причини: нова проценка на механизмот за соработка и верификација и механизмот за верификација на шенген. Разговарав со претседателот Румен Радев и јас сум оптимист дека следната година можеме да направиме чекори напред“.

Спонзорирано: